Пелоси побара да продолжи процесот за импичмент на Трамп
„Претседателот ја злоупотреби својата моќ за своја лична политичка корист на штета на нашата национална безбедност“, рече Пелоси во телевизиско обраќање.
Таа додава дека „во Америка никој не е над законот“. Судскиот комитет започна со јавни расправи на 4 декември, и тој треба да изготви заклучок за импичментот или да покрене формални обвиненија. Импичментот на Трамп следи по објавените податоци за телефонскиот разговор на 25 јули што Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски со барање Киев да отвори истраги за политичките ривали на Трамп.