Војници и милитанти убиени во престрелка во Пакистан
Пакистанските талибанци, пак, соопштија дека нападнале контролен пункт, убиле тројца војници и раниле уште тројца други. Според талибанците убиени се двајца нивни членови во нападот.
Пакистанските власти започнаа масовна воена операција во Северен Вазиристан во 2014 година, за чистење на регионот од талибанци и другите милитантни групи.
Но, во регионот, што граничи со Авганистан, и натаму има напади, убиства и експлозии на бомби.