По поканата од Судот во Хаг, поддршка за Весели
Меѓу оние кои му пратиле пораки се и косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама. Тачи преку објава на Фејсбук порача дека „нема суд, ниту тенденција, ниту измислица која може да стави дамка врз Весели и неговата борба за слобода“.
Поддршка на Весели му изразија и неговите соборци од војната во 1998-99 година, браќата Рамуш и Даут Харадинај, како и Фатмир Лимај и други поранешни припадници на ОВК.
Поддршка на Весели за неговото соочување со Специјалниот суд му изразија и државници и политички лидери од Албанија.
Премиерот Еди Рама ја оцени како неправедна поканата од Хаг за борците на ОВК, но нагласи дека тоа е најдобриот начин да се докаже исправноста на нивната борба.
Весели вчера, објавувајќи ја поканата од Специјалниот суд, рече дека на 4 декември ќе се појави пред истражителите во Хаг.