Одобрено обвинението за Рекет, се чека датум за судење
Откако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа.
На 10 октомври беше поднесено обвинение за случајот. Обвинети се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.
Според Обвинението, првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, од лани во ноември до април годинава, влијаел на второобвинетата Катица Јанева да ја олесни положбата на притворениот сведок Орце Камчев, кој во предметот „Империја“ е еден од осомничените. Третообвинетиот Зоран Милевски - Кичеец ги договарал средбите на Јовановски со сопругата на Камчев, а подоцна и со Камчев, уверувајќи ги во неговото влијание врз тогаш специјалната јавна обвинителка Јанева.