Јанша осуден три месеци условно поради навреда на новинарки
Тој ги нарече новинарките медиумски проститутки откако во емисија, според него, некоректно информирале за неговата партија.
Кон почетокот на 2016 година, на Словенечката телевизија беше прикажана емисија во која Словенечката демократска партија на Јанша беше прикажана како партија чии членови се поврзани со крајната екстремистичка десница и која бара ревизија на историјата. Партијата ги отфрли тврдењата, а Јанша реагираше на Твитер.