Убиен албански дилер, запленети над 166 килограми канабис на границата со Грција
„Полицајците одговорија на истрелите, при што еден 39-годишен странски државјанин е убиен, а еден полицаец полесно повреден. На местото беа пронајдени и запленети шест патни торби во кои имаше 13 пакети суров канабис, со вкупна тежина од 166 килограми и 200 грама и две воени пушки Калашников“, соопштуваат од грчката полиција.
Повредениот полицаец бил пренесен во болницата во Јанина, додека, пак во тек е полициска акција за пронаоѓање и апсење на другите сторители.
Како што објави синоќа МИА, во вооружената престрелка во близина на грчко-албанската граница, според локалните медиуми од областа Епир, е убиен дилер, кој бил албански државјанин.