Кубанските лекари го напуштаат Бразил
Околу 8.300 доктори треба да се вратат на Куба до 2 декември.
„Великаните на кубанската медицина почнаа да се враќаат во татковината. Им оддавам признание на тие луѓе. Добредојдовте дома“, напиша кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел на Твитер.
Кубанските власти неодамна соопштија дека ги повлекуваат своите лекари од програмата „Повеќе лекари“, која стартуваше во 2013 година, зашто сметаат дека се неприфатливи новите услови за работа на претседателот Жаир Болсонеро. Тој рече дека програмата може да продолжи само ако кубанските доктори добиваат цела плата од властите во Хавана. Сега, нивните плати беа само делумно финансирани од кубанскиот буџет.
Кубанските лекари работат во 67 земји ширум светот, како дел од таканаречената „дипломатија на бели мантили“, која почна по кубанската револуција од 1959 година предводена од Фидел Кастро.