Косовски специјалци упаднаа во северниот дел на Митровица
Портпаролот на косовската полиција Даут Хоџај изјави дека единиците на косовската полиција упасиле четири лица во северниот дел на Митровица, а тоа е спроведено во рамки на истрагата за убиството на лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ. За српската телевизија РТС, Хоџај истакна дека по налог на надлежен суд единици на косовската полиција извршиле рација на четири локации.
Во Митровица некаде пред шест часот се огласиле и сирени, кои се слушале речиси еден час. Како што објави РТС, се слушнале и неколку истрели. На плоштадот го градот се собрале голем број граѓани, кои се вознемирени поради денешните случувања. Градоначалникот Ракиќ ги повика граѓаните на воздржаност. Според најновите информации специјалните единици РОСУ веќе се повлекле од северниот дел на Косово. Во тек е вонредна седница на Владата на Србија.