Турски воздушни напади врз припадници на ПКК во Ирак
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД, од 1984 година води вооружена борба за автономија на турските региони населени со Курди. Во нејзини напади и акции досега загинаа речиси 40.000 лица. Групата покрај во Турција, свои бази има и во северен Ирак.