Седницата за уставните измени одложена за 15 часот
Денешната расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, беше закажана за 12 часот.
Претходното продолжение на седницата заврши без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.