Путин и Мирзијаев започнаа со изградба на нуклеарна централа во Узбекистан
Двајцата претседатели денеска го притиснаа симболичното копче на церемонијата во конференциската сала во Ташкент, и го одбележаа започнувањето на геолошкото истражување за да се одлучи за локацијата каде ќе биде изградена првата нуклеарна централа во Узбекистан.
Путин претходно денеска одржа разговори со Мирзијаев дека со изградбата на објектот, ќе создаде „нова индустрија во Узбекистан.“
„Двата реактори со капацитет од 2,4 мегавати ќе произведуваат евтина и чиста електрична енергија за потрошувачите во Узбекистан и за земјите во Централна Азија, со што ќе се обезбеди енергетска стабилност за Узбекистан и регионот“, рече Путин.