Меј ќе ги води преговорите за Брегзит
„Исклучително значајно е Владата да се организира на најефикасен можен начин за излезот на Велика Британија од ЕУ. Јас ќе ги водам преговорите со ЕУ, а министерот за Брегзит ќе биде мој заменик,“ изјави Меј.
Според Меј, министерството за Брегзит ќе продолжи да раководи со целата подготовка на Владата за напуштање на ЕУ: внатрешно-политичката подготовка, како за сценаро со, така и за сценарио без договор, целата неопходна нормативна база и подготовката за преговорите за идните односи со ЕУ. Владата во Лондон денеска објави и политички документ за Брегзит, во кој се посочува дека Велика Британија ќе продолжи да применува некои европски закони и по истекот на преодниот период по истапувањето од Унијата. Во документот се наведува дека Лондон сака односите меѓу Велика Британија и ЕУ да останат непроменети за време на преодниот период по Брегзит, кој е предвидено да трае до декември 2020 година. Во тој период Лондон би ја признавал надлежноста на Европскиот суд и во Велика Британија ќе важат сите европски закони.