Анкета на МЦМС: Граѓаните поделени околу работата на Владата
Прашани за тоа во која насока се движи ситуацијата во земјата изминатата година со работата на Владата, 36,8 отсто одговориле дека се движи во „негативна насока“, 35,1 отсто во „позитивна насока“, за 22,4 отсто „ситуацијата е иста“, а 5,7 отсто одговориле со „не знам“.
Според резултатите од анкетата, 36,3 отсто од испитаниците одговориле дека Владата изминатите 12 месеци најмногу внимание посветила на „името“, 22,4 отсто на „ЕУ/НАТО интеграции“ и 3,9 отсто на „надворешна политика“.