Поранешни претседатели загрижени за растечките тензии меѓу Полска и Украина
Жалбата денеска беше презентирана на прес-конференција во Варшава од страна на двајца поранешни полски претседатели Александар Квашњевски и Бронислав Коморовски. Исто така таа беше потпишана од страна на поранешните украински претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко.
Полска со години е еден од најсилните поддржувачи во ЕУ и НАТО за доведување на Украина во западниот блок, позиција која ја разлутуваше Москва. Но, полско-украинските односи беа затегнати неодамна поради несогласувња вкоренети во историските неправди.