Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром
![Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром](https://gdb.rferl.org/6661861B-839B-4480-B6A3-FC95B6C3897B_w800_h450.jpg)
Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“. Споменикот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер.
Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.
Скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ во декември 2006 година, со одлука на претходната Влада. Две години потоа и автопатот беше преименуван во „Александар Македонски“.
Новото име на аерoдромот е Меѓунардоден аеродром „Скопје“, а на автопатот „Пријателство“.