Петнаесетина луѓе на протест против законот за јазиците пред Собранието
Сметаат дека законот е штетен и го повикуваат македонскиот народ на протест. Најавија дека ќе го оспорат законот пред Уставниот суд.
По кратко време тие си заминаа од пред Собранието.
Собранието претходно го изгласа Законот за јазици без расправа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата.