Османи - Грција прифаќа име кое ќе содржи Македонија
Османи вели дека и двете страни во процесот нудат предлози, а преговарачот Метју Нимиц треба да даде заедничко прифатливо решение. Тој рече дека во разговорите не може да се преговара за индетитетот и оти и Грците така се поставуваат, дека идентитетот не може да биде предмет на преговори. Додаде дека грчката страна сака да се направи разлика меѓу нивниот регион и нашата држава. Вицепремиерот вели дека во моментов е битно да се задржи и зајакне динамиката на контактите со Грција.
Во интервјуто Османи рече дека досега на ниво на влада не е разговарано за промена на името на аеродромот и на автопатот кои го носат името Алекдандар Велики, но смета дека треба да има репицрочни чекори на градење доверба меѓу двете земји кои, рече, може значително да го подобрат процесот.
Османи неделава беше во посета на Атина, а за утре е најавена средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас.
Новата рунда разговори меѓу посредникот на ОН Метју Нимиц и преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк.