Добавить новость
Другие новости Бреста и Брестской области на этот час
Добавь свою новость бесплатно - здесь
Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Нова Москва – пропадната колонија во Африка

На Берлинскиот конгрес (1884-1885) Велика Британија, Франција, Холандија, Белгија, Шпанија и Португалија го поделиле африканскиот континент, без ништо да им остават на Австро-Унгарија, Шведска, Данска, Италија, Турција и на Руското Царство. Се побунила младата држава Италија и добила неколку подрачја. Соединетите Американски држави биле заинтересирани само за Либерија поради проектот на враќањето на африканските робови на оние места од каде што потекнуваат, а кој бил осмислен во 1822 година.

Сагало или Нова Москва / Godaboy (CC-BY-SA-3.0)

Русија не добила територија на големиот континент. „И онака е доволно голема“, си помислиле европските сили кои со недоверба гледале на рускиот џин, победен во Кримската војна (1853-1854). Но, не сите биле подготвени да се смират со таквата одлука.

Берлински конгрес, карикатура, 1885. / CC BY-SA 4.0-3.0-2.5-2.0-1.0, via Wikimedia Commons

Русите преземаат иницијатива

Рускиот царски министер Константин Победоносцев во 1888 година испланирал посебна мисија на брегот на Црвеното море со идеја да се воспостават колонијални бази. Абисинија како христијанска земја со раширени раце ќе ја дочека групата руски православни доселеници, сметал тој.

Константин Победоносцев, 1902. / Од слободни извори

Бил потребен човек со цврст карактер кој на Црниот континент би ја презел задачата за основање на руска царска колонија, па по куса потрага изборот паднал на авантуристот Николај Ашинов, козак од Терек. Тој на 10 декември 1888 година испловил од Одеса на бродот „Корнилов“ на кој имало 165 мажи, жени и деца: 30 козаци, 12 Черкези, и други жители од околината на Одеса. На бродот имало четворица свештеници, вклучувајќи го и архимандритот по име Паисиј.

Ашинов на сите им раскажал дека султанот на Таџура, Мухамед Лоитах, му подарил земја на која ќе живеат.

Николај Ашинов / Од слободни извори

Африка, нора руска колонија

Патниците кои имале намера да ја прошират територијата на Руското Царство, кое во тоа време се протегало од Полска до Алјаска, стасале до египетското пристаниште Александрија, а потоа се качиле на рускиот брод „Лазарев“ кој ги одвел до Порт Саид. Оттаму до ветената земја го продолжиле патот на австрискиот трговски брод „Анфитрит“.

Штом излегле на копното, Русите ја одржале првата верска служба. Но, уште во првите денови на африканската земја дошло до судир со локалното население. Некои козаци украле стока од соседното племе Данакил и пукале во мештаните кои се обиделе да си ја вратат. Султанот на Таџура наредил Ашинов на племето Данакил да му плати 60 сребрени франци поради овој инцидент. Но, Ашинов наскоро му испратил на Мухамед Лоитах дека рускиот цар му нуди заштита која стасала и до Французите и ги вознемирила.

Русите решиле да ја променат положбата и на 28 јануари 1889 година стасале до старата египетска напуштена тврдина Сагало во близина на Аденскиот залив. Абисинците срдечно ги примиле и се сложиле да испратат руска пошта во главниот град. Етиопскиот цар Јоханеса Четврти се израдувал на веста за доаѓањето на Русите и побарал основање воена база, очекувајќи дека Словените ќе му помогнат во војната против Италијанците.

Јоханеса Четврти / Од слободни извори

Проблеми со Французите

Руската колонија била со прилично скромен изглед, но наспроти таа едноставност, Ашинов и неговите луѓе населбата ја нарекле Нова Москва и измислиле знаме за новата територија. Ја комбинирале руската тробојка и крстот на Андреевското знаме. Според The World at War немирните козаци барале да им се даде дозвола да ги напаѓаат карваните кои преминувале преку нивната територија, а Ашинов им платил со злато и со сребро за да ги ублажи нивните воени инстинкти и да избегне поголемо зло.

Французите, кои пред Русите дошле во Обок и во 1883 година воспоставиле протекторат, во кој било вклучено и подрачјето што го окупирале Русите, брзо покажале што мислат за Нова Москва.

Знамето на Нова Москва / Од слободни извори

Ашинов се обидел да ги смири, нудејќи им да се подигне знамето на колонијата покрај француското знаме. Но, кога веста за присуството на Русија на тоа подрачје дошла до Париз, француската влада наредила доселените веднаш да се разоружат и да се депортираат. Истовремено Париз побарал од властите на Руското Царство да го објаснат присуството на козаците на територијата под француска контрола.

Рускиот амбасадор во Париз одговорил дека Ашинов не е руски дипломатски претставник и го оставил на милост и немилост на Французите.

Капитулација на Нова Москва

На 16 февруари пред тврдината Сагало запреле четири француски воени брода. На Ашинов и на неговите сопатници им е наредено да го остават оружјето и веднаш да се качат во бродовите кои ќе ги одведат во Обок, а потоа ќе бидат вратени во Русија.

Ашинов ја одбил наредбата (или, според некои извори, не ја разбрал) и Французите испукале 16 топовски ѓулиња на руската населба. Загинале осуммина, 22 лица биле ранети. Ашинов кренал бела кошула во знак а капитулација. До средината на денот сите Руси биле во бродовите. На плажата останале околу 50 пушки кои не можеле да ја одбранат Нова Москва.

Француски бродови во Обок. Илустрација London News, 15 јуни 1889 / Од слободни извори

Враќање во Русија

Русите биле вратени во Обок, а подоцна биле депортирани во Одеса. Кога се открило што се случило во Сагал, руската влада одбила да признае каква и да се поврзаност со Ашинов и со неговите луѓе. Царот Александар Трети не сакал судир со Франција која преку своите банки требала да врати важен заем на руската влада. Царот им забранил на весниците да пишуваат за целата сторија и да ги интервјуираат повратниците. Сите биле принудно испратени во своите места на живеење. Архимандритот Паисиј во манастир во Грузија, Ашинов во оддалечен крај на Саратовската губернија без право на преселба од три години.

Што би било, кога би...

Замислете Нова Москва сепак да била основана на брегот и покрај Французите, да не стекнала независност според Брест-литовскиот договор поради кој Руското Царство ги изгубило териториите како што се Финска и балтичките земји, или советските единици да ги одбиеле единиците на Мусолини за време на Втората светска војна.

Како би изгледал Сагало денес? Тоа сигурни би било некој вид руски Гибралтар, едно од најважните пристаништа за руската морнарица која активно би се борела против сомалиските пирати во Индискиот океан. Во исто време, тоа би бил голем туристички центар. На главниот плоштад на градот туристите би се сликале покрај споменикот на Николај Ашинов, козакот кој освоил дел од Африка за Русија.


Загрузка...

Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Бреста — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Бреста или других населённых пунктов Брестской области мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Бресте можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа в Бресте и Брестской области






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Бреста и Брестской области. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Бреста — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Брестской области



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Бресте, в Брестской области и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net