Кремљ го коментираше разговорот меѓу Путин и Обама преку „црвениот телефон“
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ги коментираше соопштенијата за разговорот на Владимир Путин со Барак Обама преку „црвениот телефон“. Песков прецизираше дека американскиот претседател во различни разговори повеќе пати споменувал вмешаност на хакери во изборите во САД.
Обама му телефонирал на Путин на „црвениот телефон“
„Но, секојпат, за жал, ние не можевме да добиеме некакво повеќе или помалку разумно оправдување за овие обвинувања, какви било конкретни факти или нешто друго. И затоа, се разбира, сите овие тврдења се апсолутно неосновани и не се поткрепени со некаква аргументација“, изјави Песков, пренесува „Комерсант“.
Портпаролот на рускиот претседател истакна дека „црвениот телефон“, за кој станува збор вестите на Ен-Би-Си е „обична затворена линија за врска која шефовите на државите ја користат за телефонски разговори“. Според Песков, сите разговори меѓу претседателите на САД и Русија се водат преку таа линија.