ДУИ најавува партиски реформи на 4-от конгрес
По 4-от партиски конгрес, закажан за 21 декември, во ДУИ се очекува да има три нови статутарни промени и програмски документи. За нив денеска се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица. Според замислите на раководството, согласно статутот ќе има три нови партиски тела.
Според Артан Груби, станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи за избор во сите органи на партијата. Исто така предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот. Овие документи ќе бидат дадени на ограноците, но и пошироката експертска јавноста.