Би-Би-Си прикажа филм за страшните руски фудбалски хулигани
Во филмот се слуша предупредување до Британците дека Русите се подготвуваат за судири со нив на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2018 година.
Руските навивачи во филмот признаваат дека британските „фирми“ од 1970-1980-те години станале пример за нив, а Британците – главна цел, пренесува „Взгљад“.
Седум прашања поврзани со руските навивачи
Амбасадата на Русија во Лондон изјави дека „телевизискиот канал спонзориран од британската влада“ се обидел да го дискредитира Светското првенство кое ќе се одржи во Русија. Дипломатската мисија истакна дека обиди за дискредитација на натпреварувањето биле преземани и пред Олимпијадата во Сочи.
Според мислењето на амбасадата, со шокантниот филм Би-Би-Си сака да ги заплаши Британците и да ги одврати од нивното патување за Русија.
Москва потенцира дека на безбедносните прашања во Русија „им се придава првостопено значење“.