Во Москва се отвора „Недела на Балканот“
Московјаните и гостите на рускиот главен град неделава ќе можат да погледнат балкански филмови во клубот „Фасбиндер“, да посетат книжевни вечери во библиотеката „Достоевски“, ликовни изложби и семинари со дегустација на вино во организација на проектот Drink&Draw, да одат во виртуелна прошетка низ Дубровник, да ја посетат балканската дискотека кај „Никола Тесла“, да слушнат жива балканска музика во изведба на Bubamara Brass Band или да го погледнат новиот филм на Емир Кустурица во клубот „Фитил“.
#WFYS2017: Настан на годината за младите! Русија те чека!
Ќе бидат отворени и курсеви по јужнословенски јазици, ќе бидат организирани специјални средби во клубови за дискусија, ќе се продаваат дизајнерски изработки и сувенири. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани филмовите „Ничие дете“, „Драган Венде - Западен Берлин", „Село без жени“.
Со програмата на фестивалот можете подетално да се запознаете на сајтот на Balkan Family. Тоа е авторски проект, чија задача е да ѝ помогне на современата култура на земјите од поранешна Југославија да станат подостапни за Русија. Проектот е без спонзори или покровители. Одвреме-навреме, со поддршка од пријатели и партнери организира настани кои служат за запознавање одблизу со културите на Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина.