Средба на Путин и Ердоган во Москва
Рускиот и турскиот претседател се среќаваат во Москва на разговори за безбедносната зона во северна Сирија што ја предложи Анкара. Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган се нарекоа меѓусебно драги пријатели на почетокот на денешниот состанок, нагласувајќи ги блиските врски меѓу нивните земји и важноста на регионалната стабилност.Путин рече дека Москва и Анкара бараат решение за регионалната стабилност соработувајќи за решение на сириската криза. Ердоган е придржуван од министрите за надворешни работи и за одбрана Мевљут Чавушоглу и Хулуши Акар.