Путин побарал нова средба со Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин предложи денеска да се организира нова средба меѓу него и американскиот колега Доналд Трамп, која ќе се одржи на маргините на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна на 11 ноември во Париз.
„Би било корисно да го продолжиме директниот дијалог со Трамп, се разбира ако американската страна е заинтересирана за таков контакт“, истакна Путин во Москва на средбата со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.
Болтон го увери рускиот претседател дека Трамп со задоволство ќе го прифати неговиот предлог.