ЕУ ја повика АстраЗенека да си го исполни договореното
Европската унија ја повика АстраЗенака до понеделник да најде начин за брза испорака на вакцините, откако компанијата најави дека ќе ги намали испораките, поради проблеми со снабдување, јавува новинската агенција Ројтерс. Во знак на револт, откако претходно и Фејзер објави одложување во снабдувањето, висок претставник на ЕУ за Ројтерс изјавил дека земјите членки во наредните денови ќе бараат од фармацевските компании да регистрираат извоз на вакцини против ковид-19.
АстраЗенека која ја разви вакцината во соработка со Оксфорд Универзитетот во петокот соопшти дека не може до март да ги испорача предвидените цели, што би значело дека испорачани 60 проценти помалку од планираните дози.
„Очекуваме компанијата да изнајде решенија и да ги искористи сите можности за брза испорака“ изјави портпаролот на ЕК Ерик Мамер.
Првиот човек на ЕК, Урсула фон дер Лајен утринава во телефонски разговор го потсетила директорот на Астра Зенека да не заборави кој прв треба да ги добие вакцините.
„ Јасно им стави до знаење дека очекува АстраЗенека да ги исполни договорените аранжмани предвидени со авансниот договор. Го потсети господинот Паскал Сориот дека ЕУ инвестираше значајни износи на пари исплатени однапред со цел да се осигура дека производството ќе се зголеми, пред Европската агенција за лекови да ја одобри вакцината за пазарот“ вели Мамер .
Портпаролот на АстраЗенека изјави дека Сориот и објаснил на Фон Дер Лајен дека компанијата прави се што може да за да ја донесе побрзо вакцината до европските граѓани. Во понеделнокот се појави вест во светските медиуми дека компанијата се справува со проблеми во снабдувањето.
Денеска извршниот директор на АстраЗенека Сориот го осуди пристапот „Јас прв“ од некои земји во потрагата по набавка на големи количини вакцини. Тој на денешниот виртуелен настан на Светскиот економски форум во Давос го посочи и недостатокот на подготвеност на земјите за справување со коронавирус пандемијата.
Правилната распределба на вакцините и за трети земји е тема на денешниот состанок на министрите за надворешни на ЕУ.