Нови 982 позитивни на коронавирус, петмина починати
Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 934 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.748 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 30.488. Починати се 5 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 982 лица.
Во моментов во земјава има 9.058 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 420, а потоа следуваат Прилеп со 61, Куманово 35, Тетово 58, Велес 82 и Битола 33..
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 246.105 тестирања на Ковид-19.