Анти-француски протести во Бангладеш
Десетици илјади муслимани одржаа протести во Бангладеш, нарекуваќи го францускиот претседател Емануел Макрон „најголемиот терорист во светот“, во услови на растечки гнев кај муслиманите врз Франција поради одбраната на правото да објавуваат карикатури на кои е претставен пророкот Мухамед.
Франција, каде живее најголемата муслиманска заедница во Европа, беше на највисоко ниво на безбедносна закана на 30 октомври откако напаѓач со нож уби три лица во црква, во како што го нарече Макрон „исламистички терористички напад.“
Францускиот премиер Жан Касте го подигна нивото на тревога, а полицијата вооружена со автоматско оружје постави безбедносен кордон околу црквата во Ница на медитеранскиот брег, каде што се случи нападот на 29 октомври.
Инцидентот доаѓа на помалку од две недели откако наставник во средно училиште во париско предградие беше обезглавен од страна на 18-годишен напаѓач, кој наводно бил вознемирен бидејќи наставникот на неговиот час покажал карикатура од пророкот Мухамед.
Демонстрантите на 30 октомври маршираа низ улиците на Дака, главниот град на Бангладеш каде живеат мнозинство муслимани, извикувајќи „бојкотирај француски производи“ и носеа транспаренти нарекувајќи го Макрон „најголемиот терорист во светот“, откако фанцускиот претседател изјави земјата е нападната „поради нашите вредности, за нашиот вкус за слобода, за можноста во нашата земја да имаме слобода на верување.“