Времето денеска: променливо облачно
Претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе биде од 10 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 16 степени.