Сијарто: Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес
Унгарија смета дека европската интеграција на Западен Балкан е нејзин стратешки интерес, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, јави МИА.
„Мирот и напредокот на Западен Балкан се во интерес на Унгарија. Ако се случи спротивното, тоа е лошо за Унгарија. Што и да се случи во регионот, ќе има непосредно влијание врз Унгарија“, рече Сијарто, по средбата со косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај Стубла.