Честитка од САД за Илинден
Соединетите држави ја честитаа 117-годишнината од празникот Илинден на Северна Македонија со Твитер порака испратена од Амбасадата во Скопје.
„Му се приклучив на претседателот Пендаровски да се одбележи основањето на модерната македонска држава“, напиша амбасадорката Кејт Мари Брнз.
Од Белата куќа не дојде официјална честитка по повод најважниот македонски празник, од каде на новинарско прашање упатија на Стејт департментот, во чие име пренесе амбасадорката Брнз.