Снежана Стојчевска - Стиховите имаат исцелителна моќ
Пред скоро две години го загубив татко ми и веднаш почнав да ја пишувам книгата бидејќи ми беше начин на справување со емоциите. Тогаш сфатив дека Танатос е многу силна инспирација. Дури посилна од Ерос, вели поетесата Снежана Стојчевска, за петтата стихозбирка „Ќе се завијам во песни“.