Рама: обновата од земјотресот ќе заврши во 2021 година
Жителите во албанските села погодени од катастрофалниот земјотрес на 26 ноември ќе имаат нови домови во текот на 2020 година. Во видео порака на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама на жителите во градовите чии домови исто така беа урнати или оштетени од земјотресот им порача дека процесот на обновата се очекува да заврши до јуни 2021 година. Тој зборуваше и за реакцијата на надлежните кон оние кои злоупотребиле при градбата на објектите кои се урнаа, додавајќи дека првите апсења се веќе направени и оти акцијата продолжува. Тимовите за истраги за земјотресот во Драч потпишаа 17 налози за притвор на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење. Уапсени се девет лица, додека по другите се трага, но постојат сомневања дека ја напуштиле земјата.