Можно е САД да го намалат бројот на војници во Авганистан
Соединетите американски држави наскоро е можно да го намалат за една третина бројот на свои војници во Авганистан, јавува Си-ен-ен. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп може да го намали бројот за 4000 војници, наведува телевизијата повикувајќи се на висок функционер во администрацијата. Ова се очекува да биде објавено неделава. САД во моментов имаат меѓу 12 000 и 13 000 војници во Авганистан. Тие се присутни таму од војната во 2001 година. Авганистан се граничи со неколку централно азиски држави кои соработуваат со САД во обидите да се донесе мир во конфликтната земја. На 13 декември администрацијата на Трамп соопшти дека наскоро ќе објават нова стратегија за централна Азија.