Пендаровски - Ново одложување на преговорите со ЕУ би било силен удар
Претседателот Стево Пендаровски изјави дека ново одложување на одлуката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ би бил многу сериозен удар. Повторувањето на стратегиската грешка од октомври би можело да има многу длабоки, непредвидливи, а можеби и непоправливи последици, оценува претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“.
Пендаровски вели дека добил уверување од францускиот претседател Емануел Макрон оти проблемот не е во Северна Македонија, туку во ЕУ на која и се потребни реформи во однос на преговарачкиот процес, но, нагласува, дека земјата стравува дека може да стане втора Турција која со години е заглавена како постојан кандидат за членство.
Тој вели дека Скопје нема ништо против реформи во преговарачкиот процес, но очекува тие да бидат направени брзо и без натамошни одложувања.
Предупредува дека дистанцирањето на ЕУ од Западниот Балкан може да отвори простор за други играчи и да влијае негативно на реформите во земјите од регионот.