Италија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО
Италија е 23 земја членка на НАТО, која го ратификуваше протоколот за членство во Македонија во Алијансата.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил се заблагодари за ратификацијата.
Остануваат уште 6 земји да го ратификуваат протоколот, за да може Македонија да стане 30 земја членка на НАТО:
Неизвесно е дали тоа ќе се случи пред Самитот на Алијансата во Лондон во декември, оти во Шпанија двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
За протоколот треба да се изјаснат и Франција, Велика Британија, Холандија, Исланд и САД.