Мајсторите го пакуваат алатот, ќе нема ни чешма кој да ни поправи
Од Занаетчиската комора на Македонија предупредуваат дека за година до две ќе биде многу тешко да најдете мајстор за некаква поправка по дома. Ѕидарите, водоинсталатерите, плочкарите, механичарите, масовно заминуваат на работа во странство, по повисоки плати и подобар живот.