Ахмети на Брнс и порачал дека треба да се работи на реформите
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со новата американска амбасадорка Кејт Мари Брнс. На средбата, според соопштението на ДУИ, станало збор за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.
„Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани“, се наведува во соопштението од ДУИ.