Столтенберг: Истекува времето за спас на договорот ИНФ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека истекува времето за спас на клучниот договор од Студената војна и оти не гледа индикации од Русија дека земјата планира да ги исполни барањата на Западот.
„Ова е сериозно. Договорот за нуклеарните сили на среден дострел (ИНФ) веќе децении е камен темелник на контролата на оружјето и сега го гледаме неговото отфрлање“, изјави Столтенбер во интервју за БиБиСи.
Според него, приоритет на НАТО е Русија повторно да се врати на договорот. Но, тој посочува дека нема знаци од Москва за такво нешто. Затоа, според него, треба да се подготват за свет без договорот и со повеќе руски ракети.