Димитров - треба да создадеме доверба со новата грчка Влада
Природно е да се инвестира во однос на довоерба со новата грчка Влада и треба да работиме да ги убедиме дека Договорот од Преспа е голема шанса и можност, а не товар, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на конференциајта „Економист“ во Атина.
Тој истакна дека во процесот на преговорите со Грција развиле навика да мислат на интересите на другиот, додавајќи дека затоа и сега неговите пораки во во Атина биле дека „добра вест за Грција е добра вест и за Северна Македонија“, рече Димитров.
„Мислам дека ако успееме да ја создадеме таа доверба и со новата Влада, Атина ќе има интерес ние да одиме напред во пристапните преговори кон Европската унија. Прво затоа што тоа е многу добро за нас, а по истата логика тоа ќе биде добро и за Грција и второ имплементацијата на Преспанскиот договор е врзан со пристапните поглавја во однос на постоечките документи“, изјави Димитров.