Здравев: Да се почека на истрагата за да се види кој е одговорен за „Рекет“
Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев пред денешната седница изјави дека е изненаден од она што се случи со СЈО одговарајќи на прашање во врска со случајот „Рекет“.
„Преку средствата за јавно информирање дознав дека се води постапка за двајца осомничени, а против никој од СЈО. Да причекаме, како што рече и обвинителката за организиран криминал, да се извршат вештачења, да се изведат докази, да се утврдат факти, да се спроведе истрага, па да видиме кој е одговорен покрај овие двајцата. Дали има уште некој одговорен за таа работа“, рече Здравев.
Тој порача и дека се што е противуставно, незаконито, подлежи на одговорност. Во врска со ветингот во правосудството, според Здравев, не постои законска пречка тоа да не се спроведува. Тој додаде и дека воопшто не се прекршени роковите за избор на судии и претседатели на судови предвидени во законот.