Трамп ќе ја најави неговата кандидатура за нов мандат
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер најави дека денеска во Орландо, Флорида јавно ќе ја објави неговата кандидатура за реизбор. Тој притоа им понуди на поддржувачите линк за аплицирање за билети. Неговата кандидатура за уште еден мандат никогаш не беше доведена под прашање, а Трамп спроведе и неколку кампањски митинзи во текот на првите две и пол години од неговото претседателство.