Кина ги повика САД да не вршат притисок врз Иран
Кина ги предупреди САД да ги намалат „методите за екстремен притисок“ на Иран во услови на зголемена загриженост за можна конфронтација меѓу Вашингтон и Техеран.
Кина го повика и Иран да се држи до одредбите во нуклеарниот договор со светските сили и двете страни да останат рационални. Односите меѓу Иран и САД се тензични откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за повлекување на земјата од нуклеарниот договор.