Министерски совет на ЕУ за Северна Македонија и Албанија
Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи. Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок. Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.