Николовски: Министерството ги следи цените на земјоделските производи
Министерството ќе го објави она што по Закон е надлежно да го следи преку Единствениот пазарен информативен систем и преку ФАДН - системот, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. „Ние сме надлежни да ја следиме производствената цена на сите земјоделски производи, тоа им го кажавме и на откупувачите и на производителите и сметам дека наиде на одобрување. Кога ќе ги имаме од системот сите пресметки, ќе ја објавиме цената на чинење, односно производната цена“, вели Николовски. Читать дальше...