На изборите во Индија води владејачката партија
Маратонското гласање на парламентарните избори во Индија заврши по над пет недели со последната, седма фаза, а излезните анкети ја предвидуваат победата на владејчката националистичка партија на премиерот Моди и нејзините сојузници. Броењето на гласовите ќе почне в четврток, кога најверојатно ќе бидат познати и резултатите. На изборите се гледа како на референдум за Моди. Нејзин најголем противник е опозициската Конгресна партија на Рахул Ганди, од „династијата“ Нехру-Ганди која има дадено три индиски премиери.