Најмалку 14 луѓе патници загинале при вооружен напад во Пакистан
Најмалку 14 луѓе патници загинале откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз автобусот кој се движел кон југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека вооружените напаѓачи по краткиот оган кој го отвориле кон автобусот, ги натерале патниците да се симнат од автобусот и селективно убивале патници. Се уште никој не преземал одговорност за нападот. Во тој регион делуваат сепаратисти и исламистички милитанти.