ДИК подготвена за претседателските избори
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски соопшти дека ДИК го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња и друг материјал потребен за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Тој изјави дека се е подготвено и дека очекува в недела да нема никакви проблеми во смисла на квалитетот на гласачкиот материјал.Дерковскиги демантираше лажните вести за ликот на гласачкото ливче, публикувани од социјални медиуми.