Разговорите за климата во критична фаза
Полскиот претставник кој претседава на самитот на Обединетите нации за климата Михал Кртика изјави дека меѓународните разговори влегле во критична фаза и оти тоа бара посветеност на сите вклучени страни со цел да се дојде до успешен крај на собирот. Конференцијата во Катовице на која учествуваат претставници на 200 земји денеска треба да заврши, а единствена цел е да се најдат начини за одржување на глобалното затоплување под два степена до крајот на овој век.