Екстрадиран осомничениот за убиството на бугарската новинарка Маринова
Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова од бугарскиот град Русе, Северин Красимиров денеска беше екстрадиран од Германија во Бугарија. Красимиров бил пречекан од тим на затворската стража, која ќе го префрли во Русе.
Се очекува по пристигнувањето во градот, Красимиров да биде притворен и против него да биде поднесено официјално обвинение. Обвинителството во германскиот град Целе претходно соопшти дека осомничениот ќе биде екстрадиран за десет дена.
„Дваесетгодишното лице призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“, наведе Обвинителството.