Во Сочи средба меѓу Лавров и Дачиќ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Сочи ќе се сретне со неговиот српски колега Ивица Дачиќ. Министрите се очекува да разговараат за ситуацијата на Балканот, вклучувајќи го и дијалогот меѓу Белград и Приштина за Косово. Москва, како што наведува руската новинска агенција Итартас, е загрижена од експанзијата на НАТО на Балканот, оценувајќи дека тоа ќе ја влоши стабилноста во Европа. Притоа се потсетува на претстојниот референдум во Македонија за зачленувањето на земјата во НАТО.